Утрински Весник
Свет

Трамп организира собир во Белата куќа, в понеделник заминува за Флорида

Трамп ќе учествува на лидерската средба за помош на Либан
Dik 300x250 mk

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира денеска во Белата куќа да го организира својот прв настан откако му беше дијагностициран коронавирус. Тоа е нешто помалку од една недела откако тој беше во болница поради вирусот, изјави официјален претставник на Белата куќа за Си-ен-би-си.

Трамп ќе им се обрати на насобраните во 14 часот од балконот на Белата куќа, а собирот се очекува да започне во 11.30 часот.

Во продолжение на кампањата за изборите што ќе се одржат во ноември, Трамп во понеделник ќе замине на Флорида, каде ќе го одржи првиот митинг откако пред 19 дена му беше дијагностициран Ковид-19.

Претходно беше соопштено дека Трамп е подготвен повторно да се вклучи во предизборната кампања. Тој помина три дена во болница.

Лекарот на Трамп, Шон Конли, вчера изјави дека верува дека Трамп ќе може безбедно да се врати на јавните должности веќе во сабота, односно од денеска.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп најави договор за намалување на цените на водечки лекови за дебелина

Германскиот челичен сектор во „егзистенцијална криза“, предупреди Мерц

Во Украина изречена прва доживотна казна за руски војник поради егзекуција на воен заробеник