Утрински Весник
Македонија

Филипче: Ако мерките не се почитуваат, ќе има ограничување на движењето

Филипче на консултација со Комисијата за заразни болести поради зголемениот број на новозаразени
Dik 300x250 mk

Министерот за здравство Венко Филипче, вечерва изјави дека доколку мерките за заштита од Ковид-19 не дадат резултат, ќе има препорака за рестрикција во движењето.

Филипче вели дека болничките капацитети се пополнуваат и дека лекарите и сестрите се под притисок.

Министерот повтори дека Комисијата за заразни болести предложила до Владата нови рестриктивни мерки како задолжително носење маска на отворено, забрането групирање на повеќе од 4 лица по 22 часот.

„Искрено верувам дека овие мерки ќе дадат резултат. Но, доколку не дадат сигурно дека ќе има препорака за рестрикција во движење. Најпрво скратување на работните часови на одредени економски субјекти, угостителски објекти итн., но и рестрикција во движењето. Видовме какви искуства имаа некои земји кои нагло ги отворија градинките и училиштата. Затоа ние поучени од тоа, постепено ги отворивме училиштата. Но, тие земји се соочија со еден нагол скок на случаи, нагло оптеретување на болничките капацитети, како во Израел, каде мораа да воведат рестрикција во движењето. Тоа ќе следи ако имаме и понатаму зголемување на бројот на дијагностицирани случаи и дополнително оптеретување на болничките капацитети“, потенцираше Филипче.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пожар над селото Арнакија во општина Сарај

Приведни петмина прилепчани за кражба на огревно дрво

Денес си замина најлошиот градоначалник на Скопје