Утрински Весник
Македонија

(Видео) Шахпаска: Нема веќе деца под 18 години сместени во институции

(Видео) Шахпаска: Нема веќе деца под 18 години сместени во институции

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска беше во посета на еден од седумте мали групни домови при ЈУ за згрижување деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје.

„ Овој мал групен дом е показател за позитивните приказни кои произлегоа со носењето на Законот за социјална заштита и ова е една успешна приказна на кој начин децата треба да излегуваат од гломазните институции и да бидат сместени во мали групни домови , затоа што тие се чекор поблиску до нормалните биолошки семејства. Тука децата се учат на основните вредности кои ги носи семејството. Почитувањето на возрасните и меѓусебното почитување како врсници, основните елементарни и хигиенски навики, вклученоста во образовниот процес и се друго што е дел од секојдневното нормално живеење,“ истакна Шахпаска.

Министерката посочи дека токму овие мали групни домови се поддршката која ја добиваат децата кои се запуштени , на начин што со нив работат стручни лица, педагози, психолози, социјални работници со 24 часовна поддршка, она што навистина им е потребно на децата за да се изградат во вистински личности.

Продолжуваме со процесот на деинституционализација. Изминатиот период деинституционализацијата беше завршена за децата под 18 години, но тој процес продолжува за останатите гломазни институции како што се Заводот во Демир Капија, Бања Банско, Заводот за рехабилитација ,Скопје. Пред нас има уште работа, тоа се околу 270 штитеници кои сеуште се во институциите. До крајот на ноември , очекуваме отворање на уште четири куќи во кои ќе бидат сместени и останатите лица, кои ги вадиме од институциите,“ истакна Шахпаска.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!