Утрински Весник
Свет

Во Словенија 363 новозаболени и четворица починати од Ковид-19

Во Словенија рекорден број на новозаболени од коронавирус, можен е нов „локдаун“

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 363 новозаразени со коронавирус, од вкупно 3.682 тестирани, а четири лица починаа, објави словенечката влада.

Бројот на инфекции се искачи на 7.872 од почетокот на епидемијата, има 2.865 активни случаи, а вкупно починаа 165 пациенти.

Во моментов во болниците има 138 пациенти, од кои 22 се на интензивна нега. За епидемиолошката состојба ќе расправа попладне Советот за национална безбедност со кој претседава премиерот Јанез Јанша.

Бројот на новоинфицирани е само малку помал од рекордниот 387 во четвртокот, а поради влошената епидемиолошка состојба, Словенија веќе воведе нови мерки.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сијарто: Унгарија ја поддржува средбата Трамп-Путин, ЕУ се обидува да ја саботира

Суспендиран пилот на „Изи џет“, шетал во хотел пијан и гол, а следниот ден имал лет

Трамп: За две минути од разговорот со Путин ќе знам дали може да се постигне договор за војната во Украина