Утрински Весник
Магазин

Романтична вечера за двајца: Џиџи Хадид и Зејн Малик

Романтична вечера за двајца: Џиџи Хадид и Зејн Малик

Џиџи Хадид и Зејн Малик решија да направат пауза од вообичаените родителски должности, и тоа беше прв романтичен состанок  откако станаа родители.

Манекенката и пејачот го дочекаа нивното прво дете пред речиси еден месец.

А во четвртокот, Џиџи и Зејн имаа прво рандеву по раѓањето на нивната ќерка. Неа ја чуваше сестра ѝ Јоланда Хадид.

Вљубените птички сакаа да бидат одговорни за време на пандемијата на коронавирус, па затоа зготвија вкусен оброк дома и ги покажаа резултатите во четвртокот вечерта на Инстаграм.

Џиџи сподели повеќе фотографии и видеа од подготовката на „вечерата за двајца“ на нејзините Insta Stories додека прави пилешки пикати по рецепт на авторот на книги за готвење Тајген Џерард, откако тој го постираше рецептот на нејзиниот Инстаграм ден претходно.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Нострадамус ја предвидел вештачката интелигенција? Пророштво старо 500 години повторно ја вознемири јавноста

Штипската џиновска пастрамајлија ќе биде долга над два метри

Детали за турнејата на Оејзис во 2027