Британскиот принц Вилијам објави дека ќе донира мултимилионски награди за еколошки развој, во што ќе му помагаат бразилскиот фудбалер Дани Алвеш и основачот на познатиот сајт Алибаба, Џек Ма, со цел да се запрат климатските промени.
Внукот на британската кралица Елизабета отвори ново поглавје во кралското семејство, по повеќедецениска кампања за здрава планета, а наградата е 1,29 милиони долари годишно, за следните 10 години.
Идејата е да се оживеат загадените океани, да се исчисти воздухот, да се рециклира отпадот, а за таа цел Вилијам ангажираше бројни познати личности.
View this post on InstagramThe @Earthshotprize council is a diverse, broad range of people from all around the world who I’ve been talking to over the last few weeks and months. We’ve got a really fantastic council together.
Покрај Дани Алвеш и Кинезот Мао, тука се и кралицата Ранија од Јордан, Кејт Бланшет, колумбиската пејачка Шакира.
„До 2030 година, се надеваме дека нашиот проект ќе има значително влијание врз намалувањето на загадувањето во светот. Сè започна со мојот дедо, продолжи татко ми, го забрза процесот, моја одговорност е да продолжам. Номинациите за наградата ќе бидат отворени на 1 ноември”, рече Вилијам, како што објави „Ројтерс“.