Утрински Весник
Култура

Изложба „Записи од АСНОМ“ по повод 11 Октомври

Изложба „Записи од АСНОМ“ по повод 11 Октомври
Dik 300x250 mk

По повод 11 Oктомври, Денот на народното востание на македонскиот народ, в петок, 9 октомври, во Музејот на РС Македонија ќе биде поставена изложбата „Записи од АСНОМ“.

На 11 oктомври 1941 година е означен почетокот на една нова етапа на националноослободителната борба на македонскиот народ, со цел преку вооружено востание да се извојува, како националното, така и социјалното ослободување од фашистичките окупатори. Како круна на оваа борба е АСНОМ и конституирањето на македонската национална држава во состав на Југословенската федерација.

На изложбата „Записи од АСНОМ“ се поставени фотографии, документи и повеќе оригинални предемти, поврзани со овој значаен настан од нашата историја. Покрај тоа, посетителите ќе имаат можност да погледаат и голем број оригинални карикатури на истакнати партизански борци создадени од Василије Поповиќ – Цицо, како и неколку уметнички дела а Родољуб Анастасов, Радмило Поповски и Томо Владимирски, со тематика од НОБ.

Автор на изложбата е м-р Боро Бунтески, виш-кустос во Одделението за историја, нa координатор на проектот е Илија Цурев, раководител на Одделението за историја.
Изложбата ќе биде отворена за посети од 13 октомври 2020 година и ќе биде поставена до февруари 2021 година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“