Утрински Весник
Култура

„Врба“ во Москва, а во Луксембург ретроспектива на Манчевски

„Врба“ во Москва, а во Луксембург ретроспектива на Манчевски

Реномираниот Московски филмски фестивал го прикажува „Врба“ на Милчо Манчевски на годинашното 42. издание. Филмот е селектиран во Мастерс програмата и беше прикажан на 7. октомври.
Во исто време, фестивалот Синеист во Луксембруг прави мини-ретроспектива на Манчевски. Во специјалната програма Фокус на Манчевски, публиката во Луксембург ќе може во живо и онлајн да ги проследи филмовите „Пред дождот“, „Прашина“, „Врба“, како и краткометражните „Четврток“ и „Крајот на времето“. „Четврток“ е американска продукција, а „Крајот на времето“ кубанско-американска копродукција.

По прекинот поради пандемијата, филмот изминативе два месеца интензивно го продолжи својот подем на светската сцена: „Врба“ е избран во селекцијата за престижната награда за најдобар филм на Европската филмска академија (ЕФА) позната и како Европски Оскар, а доби и две номинации (за најдобар игран филм и за најдобар режисер) на еден од најголемите фестивали за независен филм Рејнденс во Лондон.

На крајот на минатиот месец „Врба“ во иста вечер го отвори фестивалот во Софија, а го затвори оној во Тирана, а режисерот Манчевски во Софија ја доби Специјалната награда за придонес кон светската кинематографија.

„Врба“ го започна своето патување со светска премиера на Римскиот филмски фестивал во октомври минатата година, каде што беше забележан со исклучително позитивни критики. Пред ковид пандемијата, по македонската премиера филмот играше в кино два и пол месеци и ги сруши рекордите на гледаност во земјата. „Врба“ беше и дел од официјалните програми на светските фестивали во Тајпеј, Талин, ФЕСТ во Белград, Бенгалуру во Индија, Синеквест во Калифорнија, Софија, Истанбул, Клуж-Напока, Сараево, Пекинг. Филмот ги доби наградите „Хосе Оливеира“ на Фантаспорто во Порто, и Најдобар филм на Велингтон, Нов Зеланд.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“