Утрински Весник
Македонија

МОН: Платформата е целосно бесплатна, 80 отсто од учениците успешно ја следат наставата

„Епидемиолошката состојба е сериозна“ – Министерството за Здравство апелира до учениците да ги следат препораките

Министерството за образование и наука ги демантира тврдењата на Сојузот на средношколци дека онлајн-платформата чини 15,5 милиони евра.

„МОН како што и претходно веќе информираше ја известува јавноста дека онлајн платформата е целосно бесплатна и е производ на заедничка и посветена работа на претставници од ФИНКИ, Бирото за развој на образование и Министерството за образование и наука и за нејзиното создавање не е потрошен ниту еден денар“, велат од МОН.

Оттука додаваат дека платформата е функционална и од почетокот на годината, па досега над 80 проценти од учениците од средните и основните училишта успешно ја следат наставата и се задоволни од понудениот модел.

„Останатите околу 20 отсто немаат проблеми со платформата, туку со интернет конекција или немање уреди, за што МОН е во постојана координација со градоначалниците и директорите на училиштата и тековно се решаваат овие предизвици“, велат од Министерството.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ДОМ: Данок за немажени и неженети е спротивен на Уставот и даночната правда

Не сакам да бидам маша во сценарио за изборен пораз – Костадинов нема да се кандидира како независен за Струмица

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи и за македонската дијаспора, соопшти МВР