Утрински Весник
Свет

Брисел се снабдува со дополнителни дози „ремдесивир“

Брисел се снабдува со дополнителни дози „ремдесивир“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Европската комисија објави дека постигнала договор со американската компанија „Гилијад“ за набавка на дополнителни дози за лекување на околу 3.400 пациенти со лекoт „ремдесивир“.

Во соопштението се наведува дека Брисел постигнал договор со „Гилијад“ на крајот на минатата недела за испорака на скоро 20.300 дополнителни дози што ќе се користат за околу 3.400 пациенти по цена од околу седум милиони евра.

Тоа е додаток за 30.000 дози купени на крајот на јули.

„Во моментов испораките на дополнителните дози се во тек“, се потенцира во соопштението.

„Ремдесивир“ и „дексаметазон“ до денес се единствените одобрени лекови против Ковид-19 во Европа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Автомобил влета во толпа на светлосна парада во Холандија, најмалку девет повредени

На аеродромот во Единбург авион на „Ryanair“ се судри со цистерна

Тројца тешко повредени по експлозија во хемиска фабрика во Франција