Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Приведени двајца крадци од Скопје

Приведен охриѓанец поради малтретирање на семејството
300x250 opst2

Триесетгодишен скопјанец (И.Р.) е приведен поради извршување на тешки краби, а лишен од слобода е и 29-годишен скопјанец (О.И) кој се сомничи дека му помагал во извршувањето на кривичните дела.

„На 05.10.2020 во 22.00 часот, полициски службеници од ЕВР Кисела Вода го лишиле од слобода И.Р.(30) од Скопје поради сомнение дека истиот ден на подрачје на ЕВР Кисела Вода извршил две кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „тешка кражба“ во обид. Лицето било приведено и задржано во полициска станица. По преземени мерки кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните кои ги извршил и тоа: „тешка кражба“ на ул.„Козјак“, „тешка кражба“ на ул.„Димитар Мирасчиев“, „тешка кражба“ на ул.„Стојан Стојановски“ и „тешка кражба“ во обид на ул.„Димитар Мирасчиев“. Во врска со споменатите дела, односно поради сомнение дека извршил кривично дело „помагање“ во извршување на кривичните дела приведено е и лицето О.И.(29) од Скопје. По целосно документирање на случајот против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави“, велат од МВР.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Николоски: Со Светската банка лоциравме над 14 милиони евра за локални улици, следат дополнителни 2,5 милиони евра

Алиу: Лекарската комора ме извести дека е истечена лиценцата на доктор Кузмановски

Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори