Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

МВР: Не смее да има публика на натпреварот со Косово, граѓаните да не се организираат за групно следење на фудбалот

МВР: Не смее да има публика на натпреварот со Косово, граѓаните да не се организираат за групно следење на фудбалот
Img 7972

Министерството за внатрешни работи информира дека се преземени сите потребни мерки за беспрекорна организација и одигрување на фудбалскиот натпревар од полуфиналето од Лигата на Нации помеѓу фудбалските репрезентации на Северна Македонија и Косово на 8 октомври на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

„МВР, во рамки на своите надлежности, во соработка со Фудбалската федерација на Македонија и другите надлежни органи, постапува по однос на обезбедување на сигурноста на учесниците.Преземени се сите мерки и активности за гарантирање на безбедноста на фудбалерите и другите учесници од пристигнувањето во Скопје, за време на натпреварот и по одигрување на мечот. Министерството за внатрешни работи, исто така, ја информира јавноста дека во соработка со здравствените власти се преземени сите потребни мерки за почитување на протоколите за заштита од ширење на Ковид–19“, се вели во соопштението.

Согласно препораките на Државниот здравствен и санитарен инспекторат и Одлуките на Владата, не е дозволено присуство на публика на натпреварот.

„Апелираме до граѓаните и да не се организира заедничко следење на натпреварот. Само со почитување на протоколите за заштита од ширење на Ковид-19 ќе помогнеме за што побрзо нормализирање на состојбата. До навивачките групи, со кои поголем дел од Секторите за внатрешни работи, односно Отсекот за превенција, одржаа средби, апелираме да се воздржат од инциденти, употреба на говор на омраза или други нарушувања на јавниот ред и мир, затоа што тоа најстрого ќе биде санкционирано“, се вели во сооопшението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче од Свети Николе: Дали сега Мицкоски е криминалец што склучи договор со ИРД?

Разговор Давкова – Радев: Македонија подготвена да ѝ помогне на Бугарија во справување со поплавите

Утре и во вторник (6/7 октомври) нови обилни врнежи, на планините снег!