Утрински Весник
Македонија

Царовска на онлајн состанок со околу 300 директори на училишта: Успешно течат онлајн предавањата и наставата со физичко присуство

Царовска на онлајн состанок со околу 300 директори на училишта: Успешно течат онлајн предавањата и наставата со физичко присуство

Министерката за образование и наука Мила Царовска, вечерва одржа координативен онлајн состанок со околу 300 директори на основните и средните училишта.

На состанокот се зборуваше за одвивањето на наставата во услови на пандемија со физичко присуство, но и за функционирањето на онлајн наставата.

Директорите на координативниот состанок истакнаа дека основните и средните училишта успешно ја спроведуваат онлајн наставата за повисоките одделенија, а наставата со физичко присуство за децата од 1-3 одделение се спроведува со почитување на протоколите и мерките за заштита.

Министерката Царовска истакна дека редовното одвивање на наставата е во интерес на учениците и нивниот развој. Затоа е неопходно да се обезбедат сите услови за непречено одвивање на образовниот процес и заеднички да се надминуваат предизвиците како што се интернет конекција и ИТ уреди за што МОН е во постојана комуникација со локалните самоуправи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара