Утрински Весник
Македонија

(Видео) Исклучени од сообраќај 15 возила за јавен превоз во Скопје, најголем дел од нив имале неисправни сопирачки

(Видео) Исклучени од сообраќај 15 возила за јавен превоз во Скопје, најголем дел од нив имале неисправни сопирачки

Полицијата вчера исклучила од сообраќај 15 возила за јавен превоз во Скопје поради технички неисправности, соопшти МВР.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.10.) во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот санкционираше прекршоци за техничка неисправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници.

„Санкционирани се 15 возила, од кои 12 поради неисправен уред за сопирање, две возила поради неисправен уред за управување, а едно поради други неисправности. Возилата се исклучени од сообраќај и поднесени се соодветни поднесоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во текот на денешниот ден“, соопшти МВР.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Внимавајте: Одрони на еден патен правец

Обилните врнежи продолжуваат кај нас, во недела снег и под 1000 метри

Живковски: Најскапиот стан во Скопје продаден за 3.070 евра квадрат