Македонија е црна дупка во Европа во однос на справувањето со корона вирусот, велат од ВМРО-ДПМНЕ од каде се повикуваат на информации од Би-би-си според кои земјава е црн рекордер по смртност.
„И последното деноноќие државата бележи црн биланс, односно над 15% од тестираните се заразени, а четворица се починати. Од почетокот на епидемијата заразени се 18.873 лица, а починале 760. Згора на се, мафијашите на власт ниту знаат ниту умеат да спроведат мерки кои ваквата состојба ќе ја подобрат или спречат“, стои во партиското соопштение.
Во него се додава дека за власта ваквата катастрофална состојба е само обична статистика.
„Дури и без срам сакаат да ја прикажат ситуацијата како успешно справување со вирусот. Луѓе се разболуваат и умираат, а тие отвораат си тераат забави во кафулиња, како во случајот од пред некој ден во Кочани. Македонија тоне од ден во ден. Не само поради здравствената криза, туку и поради последиците од неа. Образованието е во хаос, а економијата ни е во слободен пад, народот осиромашува, а мафијата на власт мува не ја лази“, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.