Утрински Весник
Свет

Маж обвинет за намерно ширење на вирусот во Израел

Маж обвинет за намерно ширење на вирусот во Израел

Израелец е обвинет за свесно ширење на коронавирусот, иако знаел дека е заразен. Ова е прв ваков случај во таа земја.

Како што е наведено, 24-годишниот Јохај Хадад од село близу Бершева, на југот на Израел, бил позитивно тестиран на 24. септември, а докторот му рекол да остане дома, во изолација.

Една недела подоцна, Хадад бил на забава во село во близина на Ашкелон, иако знаел дека може да зарази и други. На таа забава имало дваесетина луѓе, од кои некои не носеле маски.

Покрај тоа, израелски ТВ-канал објави дека 20 верници кои кон крајот на септември биле во синагога со министерката Гила Гамлиел, биле заразени со вирусот, а таа соопштила дека е заразена за време на викендот.

Министерката е повикана да даде оставка затоа што претходно ги прекршила мерките за изолација и патувала 100 километри од Тел Авив до синагогата.

Во Израел досега починаа 1.719 лица, а на сила се мерки за изолација низ целата земја, со дозвола граѓаните да се движат на само еден километар од местото на живеење.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ужас во Франција: Ученик избодел соученици, најмалку едно лице е убиено, четворица се тешко ранети

Докторот на папата Франциск: Знаев дека нема што да правам повеќе

Продажбата на „Тесла“ на пазарот на ЕУ со пад од 45 отсто