Утрински Весник
Магазин

Адам Сендлер: Харисон Форд еднаш ми рече да му го измијам автомобилот

Адам Сендлер: Харисон Форд еднаш ми рече да му го измијам автомобилот
Dik 300x250 mk

Комичарот Адам Сендлер откри дека холивудската легенда Харисон Форд порано на една забава го замолил да го измие неговиот автомобил за да ги насмее децата.

54-годишниот Сендлер се појавува во новата епизода на Елен Деџенерес во понеделник, каде што двајцата играат една игра наречена Дали Адам го стори тоа?

Сендлер ѝ раскажа случка на Елен, а водителката потоа се обиде да утврди дали е вистинска или лажна и колку лудо и да звучи приказната за Харисон Форд, Сендлер откри дека тоа навистина се случило.

Ова се случило на една од легендарните забави на Кери Фишер, кога тој бил во своите рани 20-ти.

„Бев на забавата, тогаш бев многу бев млад, мислам дека имав 24 години, во периодот кога настапував во Saturday Night Live“, рече актерот.

„Харисон Форд беше меѓу гостите. Ме виде и ми пријде, а јас си помислив: Боже мој, Харисон Форд ме познава.“

„Моите деца те сакаат“, рече тој, а јас бев воодушевен. „Дали некогаш би сакал да дојдеш во мојата куќа …. и да ми го измиеш автомобилот? Тоа навистина ќе ги насмее.“

Сендлер исто така откри дека во почетокот тешко се снаоѓал како комичар во Њуујорк, па затоа заработувал дополнителни пари како уличен изведувач откако добил откази од неколку необични работни места.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Џонатан Бејли прогласен за „Најсексипилен маж на денешнината“ за 2025 година

Енергија, идеи и технологија: Startup Weekend Skopje 2025 – Fintech

Хуманоста на дело: За роденденот на Diamond Mall собрани 600 килограми храна и 10 куќички за бездомните кучиња