Утрински Весник
Свет

Калифорнија: Во управните одбори на фирмите ќе мора да има вработени од малцинствата и ЛГБТ заедницата

Калифорнија: Во управните одбори на фирмите ќе мора да има вработени од малцинствата и ЛГБТ заедницата

Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, го одобри законот со кој се бара од компаниите со седиште во Калифорнија да назначуваат директори од помалку застапените заедници во нивните одбори, што е прв закон во САД кој ја диктира расната застапеност во корпоративните одбори, пренесува „Ју-ес-еј тудеј“.

Како помалку застапени заедници се сметаат Афроамериканци, Латиноамериканци, азиски Американци, Индијанци, Хавајци, како и жители на Алјаска и на Пацифичките острови. Компаниите исто така се охрабруваат да назначат директори кои се декларираат како хомосексуалци, лезбејки, бисексуалци или трансродови личности.

Законот е мотивиран од легислатива од 2018 година, според која јавните корпорации во Калифорнија треба да ги диверзифицираат своите генерално машки комитети.

Некои конзервативни групи се побуниле за ваквата одлкуа, но меѓу политичките актери нема многу противници, пренесуваат американските медиуми.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во пресрет на меѓуизборите: Трамп подготвен за масовни помилувања во својата администрација по примерот на Бајден

По историскиот одзив на арапските гласачи, Џабарен најави поддршка за опозицијата за спречување нова влада на Нетанјаху

Телефоните на германските министри и пратеници биле цел на напади од шпионски софтвер