Утрински Весник
Свет

Црногорски помошник-министер: Ситуацијата со коронавирусот e крајно сериозна

Црна Гора го прошири списокот за влез без ограничувања, повторно ja нема Македонија

Помошник-министерот за здравство, Миро Кнежевиќ, предупреди дека епидемиолошката состојба во Црна Гора е крајно сериозна, поради што сè уште се во сила новите мерки.

„За седум до десет дена треба да ги видиме ефектите од мерките, под услов дека сме ги почитувале мерките“, рече Кнежевиќ и додаде дека сè зависи од самите граѓани.

Податоците, вели тој, покажуваат дека има мал пад на бројот на новозаразени со коронавирус во Црна Гора.

Тој забележува дека здравствениот систем сè уште се одолува на сегашната епидемиолошка состојба, а бројките сè уште не се оптоварувачки. „Екстремните граници на здравствениот систем не треба да се испитуваат“, истакна Кнежевиќ.

Тој најави скоро започнување на брзo тестирање во Црна Гора.

„Наскоро овие тестови ќе се најдат во нашите ковид-амбуланти, каде што лекарите ќе одлучат кој треба, а кој не треба да се тестира врз основа на здравствена проценка и епидемиолошка историја. Позитивно е што постапката е забрзана, а резултатите се добиваат за кратко време “, рече Кнежевиќ, објави порталот РТЦГ.

Резултатите од тестот, објаснува тој, се готови за триесетина минути до еден час.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков