Утрински Весник
Култура

Објавена нова книга на Даниела Андоновска–Трајковска „Математичка поезија“

Објавена нова книга на Даниела Андоновска–Трајковска „Математичка поезија“

Неодамна, во издание на Центарот за култура и културолошки студии (ЦККС), од печат излезе книгата на Даниела Андоновска–Трајковска „Математичка поезија“. Станува збор за книга поезија во која се споени јазикот на математиката и јазикот на поезијата.

„Сакав да создадам спој меѓу два, на прв поглед, различни јазици: математичкиот и поетскиот“, – вели Андоновска-Трајковска. „Мислам дека прецизноста на математиката и ширината и лиричноста на поезијата се надополнуваат и даваат можност да се создадат песни кои ќе ја прошират можноста за изразување, а истовремено, ќе го потцртаат изразот на чувставата.“

Даниела Андоновска-Трајковска (1979, Битола) е поет, прозаист, уредник на списанија, книжевен критичар, промотор на книжевни дела, доктор на науки и редовен професор по методика од областа на јазикот и литературата на Педагошкиот факултет – Битола, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Акредитиран ментор е на докторски студии со објавени над 100 научни трудови во референтни меѓународни публикации, учесник во значајни меѓународни образовни и научни проекти и национален обучувач за наставници. Член е на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) и на Битолскиот книжевен круг (БКК), на Македонското научно друштво (МНД) – Битола каде е претседател на Уредувачкиот совет и на повеќе меѓународни професионални тела. Главен уредник е на списанието „Раст“ (БКК), уредник е и на списанијата „Современи дијалози“ (МНД) и „Книжевни елементи“. Ги има објавено следниве поетски книги: „Збор за зборот“ (со Златко Жоглев и Гордана Стојаноска, 2014), „Поема за маргините“ (со Гордана Стојаноска, 2015), „Црна точка“ (2017), „Стапалки“ (2017), „Три“ (2019), „Куќа на контрасти“ (2019), „Електронска крв“ (2019), збирката раскази „Кафе, чај и црвено небо“ (2019), две меѓународни публикации за водачи во образованието (2013) и еден универзитетски учебник „Критичка писменост“ (2019). Преведена е на повеќе светски јазици и добитник на неколку книжевни награди (Носиде, Италија (2011), Празник на липите (2018), „Крсте Чачански“ за проза (2019) и „Караманов“ (2019).

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“