Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Четвртиот пакет мерки обезбедува ефикасна и навремена поддршка за компаниите

СДСМ: Нè очекуваат сериозни предизвици

Четвртиот пакет мерки на Владата предводена од СДСМ обезбедува ефикасна и навремена поддршка за компаниите – 10 милиони евра државна кредитна гаранција, соопштија од партијата.

„Владата предводена од СДСМ, со четвртиот пакет економски мерки за помош и поддршка на погодените со пандемијата на коронавирусот, обезбедува 470 милиони евра за спас на работни места, за зајакнување на приватната потрошувачка и за конкретна помош за стопанството. Силна поддршка е предвидена за стопанството, преку намалување на трошоците, финансиска поддршка и пристап до поволни кредити. Во таа насока е и Државната кредитна гаранција. Со оваа мерка државата става на располагање 10 милиони евра, пари за поддршка на компаниите за полесен пристап до евтини финансиски средства, преку преземање на дел од кредитниот ризик“, велат од партијата.

Со државната гаранција од 10 милиони евра, додаваат од СДСМ, на стопанството ќе му бидат на располагање кредити со вредност од 65 милиони евра.

„За поголем извоз и полесен пристап до суровини, во рамките на четвриот пакет антикризни мерки, се реазлизира и Државна царинска гаранција. Со 3 милиони државна гаранција за обезбедување на царинскиот долг се поддржува извозот и увозот и истовремено, се олеснува пристапот до суровини за преработка на македонските компании во износ од околу 25 милиони евра. За дополнителна поддршка на компаниите, овој пакет вклучува и одложување на отплата на кредити за компании до крајот на годината, како и намалување на казнената камата за јавни давачки за половина од 0,03% на 0,015% кое ќе важи до крајот на годината. Владата предводена од СДСМ продолжува со силна, ефикасна и навремена поддршка за секој поединец, за секоја компанија погодени од негативните економски последици од коронавирусот“, се наведува во соопштението.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт