Утрински Весник
Свет

Нова Каледонија повторно ја отфрли независноста од Франција

Нова Каледонија на референдум за независност од Франција
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Нова Каледонија останува француска територија.

53,26 проценти од жителите на архипелагот гласаа против стекнување целосен суверенитет, на вториот референдум за независност од Франција.

Во Нова Каледонија, која е оддалечена 18.000 километри од Париз, првиот референдум за независност се одржа на 4 ноември 2018 година, кога резултатот беше сличен, со разлика од околу 3 проценти.

Нова Каледонија стана француска територија во 1.853 година и првично беше казнена колонија. Оттогаш, независноста е цел на домородниот народ Канак, кој сочинува околу 40 проценти од населението.

Тензиите меѓу членовите на Канак и потомците на колонијалните доселеници кои остануваат лојални на Париз се големи.

Нова Каледонија, според договорот потпишан во 1998 година, има право на три референдуми за независност.

Следната можност за населението е обезбедена во 2022 година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Руски хакери се пофалија дека ја нападнале француската пошта

Тројца загинати по експлозија во Москва

Папата Лав XIV повика на божиќно примирје низ целиот свет