Утрински Весник
Економија

Георгиевска: Со државна кредитна и царинска гаранција ги помагаме домашните компании

Една од мерките за помош на приватниот сектор, предвидени со четвртиот пакет економски мерки е Државната кредитна гаранција, истакна на прес-конференција, Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.

Со оваа мерка државата става на располагање 10 милиони евра, пари за поддршка на компаниите за полесен пристап до евтини финансиски средства, преку преземање на дел од кредитниот ризик.

„Со државната гаранција од 10 милиони евра на стопанството ќе му бидат на располагање кредити со вредност од 65 милиони евра“, образложи Георгиевски.

Покрај кредитната, следува реализација и на мерката Државна царинска гаранција, кој има за цел да им обезбеди поголем извоз на компаниите и полесен пристап до суровини.

Героргиевска додаде дека со 3 милиони државна гаранција за обезбедување на царинскиот долг се поддржуваат извозот и увозот и истовремено се олеснува пристапот на суровини за преработка на македонските компании во износ од околу 25 милиони евра.

Како уште една мерка за олеснување на работењето на компаниите во овој пакет, таа го посочи дополнителното одложување на отплата на кредити за компании, до крајот на годината, како и мерката за намалување на казнената камата за јавни давачки за половина од 0,03% на 0,015% кое ќе важи до крајот на годината.

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

СДСМ: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ, арамијата Мицкоски ги загрозува пензиите

Левица: Неплатено грозје, заложено вино и евтини државни кредити – Владата ја чести винарската олигархија со народни пари додека лозарите ги турка во пропаст

Куќа во Карпош продадена за 1,5 милиони евра, стан од 50 м2 во Центар за 168 0000 евра