Утрински Весник
Магазин

Пиење кафе пред појадок го нарушува метаболизмот, тврдат британски научници

Пиење кафе пред појадок го нарушува метаболизмот, тврдат британски научници
Dik 300x250 mk

Тоа е најпопуларниот напиток во светот што дејствува како витален еликсир, особено за луѓе кои спијат малку.

Но, една нова студија сугерира дека пиењето кафе веднаш штом ќе се разбудите наутро, особено ако не сте спиеле доволно, значително го нарушува метаболизмот и контролата на шеќерот во крвта.

Истражувајќи ги ефектите на недоволен сон и утринско кафе низ низа различни метаболички маркери, научниците од Универзитетот во Бат, Велика Британија, откриле дека, иако една ноќ со слаб сон има ограничено влијание врз метаболизмот, во комбинација со кафе на гладен стомак, има негативно влијание врз контролата на гликозата во крвта.

Со оглед на важноста на одржување на нивото на шеќер во крвта во безбеден опсег за да се намали ризикот од состојби како што се дијабетес и срцеви заболувања, истражувачите веруваат дека овие резултати може да имаат далекусежни здравствени импликации.

Со одлагање на овој напиток сè до после појадок, според британските истражувачи, драстично е подобрена способноста на нашите тела здраво да ја разложат храната.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Зошто првиот оброк по породувањето е толку сладок?

Необична пресуда во Франција: Сопственичка на маче казнета со 1.250 евра

Четири грешки во кујната што ја намалуваат хранливата вредност на вашите оброци