Утрински Весник
Свет

Трамп од болничката соба: Се чувствувам подобро, следните неколку дена се клучни

Трамп од болничката соба: Се чувствувам подобро, следните неколку дена се клучни

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека не се чувствувал добро кога дошол во болницата Валтер Рид, но сега е во ред и следните неколку дена ќе бидат клучни за неговото закрепнување.

Трамп во видео објавено на „Твитер“ од неговата болничка вели дека се чувствува многу подобро и се надева дека ќе се врати брзо за да ја доврши капмањата за претседателските избори.

„Следните неколку дена се клучни. Тоа ќе биде вистински тест, ќе видиме што ќе се случи во текот на следните неколку дена“, рече Трамп.

Во петокот беше соопштено дека американскиот претседател и неговата сопруга Меланија се позитивни на коронавирус. Тој во текот на вчерашниот ден беше хоспитализиран.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

САД го нападнаа Иран, Иранците возвратија

Израел ги прогласи либанските територии јужно од реката Захрани за воена зона

Трамп: Ниту една држава нема да ја контролира Ормуска Теснина