Скопје и оваа година е домаќин на прогресивниот, музички фестивал „Андерфест“ што од вчера се одржува на поткровјето на Public Room, во Скопје.
Влезот и денес ќе биде со бесплатен со претходна резервирана карта и редуциран број на публика најмногу до 30 проценти. Настанот ќе биде и стриман во живо на официјалниот канал на Андерфест нa Јутуб.
Организаторите замолуваат билетите да се резервираат на [email protected] или со порака на нивната страница на Фејсбук – https://www.facebook.com/underfestfestival.
Вчера настапија The Smoke house, групата Fiction од Скопје, Voltage од Охрид. Главни изведувачи беа добро познатите Културно уметнички работници.
Вечерва на сцената ќе настапат Sincrest од Кичево, алтернативната група Cruel oд Скопје, Live wire, Пепел. Главни изведувачи на вечерта ќе бидат Паркети од Битола.
Публиката и овој пат ќе има можност да ужива во македонската музика од претежно алтернативната и рок енд рол сцена од нашата држава која и овој пат се очекува да покаже дека е одлична и навистина има што да покаже.