Утрински Весник
Македонија

Советот на Европа ѝ наложи на Бугарија да не ги забранува македонските здруженија

Советот на Европа ѝ наложи на Бугарија да не ги забранува македонските здруженија

Советот на Европа ја предупреди Бугарија дека не може да ги забранува здруженијата на македонското малцинство.

Во соопштението кое е објавено на интернет-страницата на Советот, бугарската влада се повикува да ги продолжи своите напори за подигање на свеста дека на здруженијата чија цел е да се постигне признавањето на македонското малцинство во Бугарија не треба да им се забранува да се регистрираат поради нивните цели, бидејќи тоа е спротивно на пресудите на Европскиот суд во овие случаи, односно дека таквите здруженија не треба да бидат предмет на постапки за распуштање по слична основа.

За оваа одлука Комитетот на министрите на Советот на Европа се повикува на член 46 од Конвенцијата за заштита на основните човекови права и слободи.

Македонски организации од Бугарија, против одлуките на бугарските власти да го забрануваат делувањето на овие здруженија, досега до Советот на Европа имаат поднесено повеќе жалби.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Одрон на патот Скопје – Велес, сообраќајот се одвива по една лента

ОЈО ГОКК: Две лица во 48-часовен притвор за случајот со марихуаната во Србија

Жерновски до Митева: Владата никако да каже дали парите за авион ќе ги пренасочи за минималната плата