Утрински Весник
Магазин

(Видео) Кијану Ривс сака да го зграпчите денот во ТВ-спот за „Сајберпанк 2077“

(Видео) Кијану Ривс сака да го зграпчите денот во ТВ-спот за „Сајберпанк 2077“

Во ТВ-спот, компјутерски генерираниот Кијану Ривс, ѕвездата на хит-серијалите „Матрикс“ и „Џон Вик“, ја најавува новата видеоигра „Сајберпанк 2077“, што секако ги воодушеви гејмерите љубители на жанрот акција.

Дејствието на новата видеоигра –  продолжение на „Сајберпанк 2020“, антологиска видеоигра од 1988 година – е сместено во американската метропола Најт Сити 57 години подоцна.

Новата видеоигра – копродукција помеѓу „Нетфликс“, „Си-ди проџект ред“ и компанија за анимација со седиште во Јапонија, „Студио Тригер“ – ќе биде самостојна приказна за улично момче кое се обидува да преживее во град опседнат со технологија и модификација на тело. Имајќи сè за да изгуби, тој избира да остане жив со тоа што станува платеник одметник познат како сајберпанк.

Серија со 10 епизоди сместена во истиот универзум како и претстојната видеоигра треба да се појави на стриминг-гигантот „Нетфликс“ во 2022 година.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Пет работи што ментално здравите луѓе не ги прават

Мали промени во вашата рутина што ќе ви помогнат да ослабете

Три необични техники кои брзо ќе ве ослободат од стрес