Утрински Весник
Свет

(Видео) Трамп го исмеваше Бајден на дебатата поради носење маска, два дена подоцна доби коронавирус

(Видео) Трамп изјави дека пандемијата на шпанскиoт грип од 1918 година ја запрела Втората светска војна

Претседателот на САД, Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија се позитивни на коронавирус. Трамп го потврди тоа на „Твитер“. Американскиот претседател има 74 години, поради што спаѓа во групата луѓе со висок ризик.

Трамп во средата имаше претседателска дебата против кандидатот на демократите Џо Бајден. Покрај тоа што постојано го прекинуваше, Трамп го исмеваше Бајден за носењето маска.

„Јас не носам маска како него. Секој пат кога ќе го видите, тој има маска. Може да зборува на оддалеченост од 60 метри и се уште да се појавува со најголемата маска досега“, рече Трамп.

Бајден не носеше маска на дебатата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп со нова закана кон Иран: На ред се мостовите и електраните

Рекордна цена на дизелот во Германија

Иран тврди дека соборил американски Ф-35