Утрински Весник
Магазин

Албумот на Бон Џови поставува прашања за пандемијата, расните односи, полицијата

Албумот на Бон Џови поставува прашања за пандемијата, расните односи, полицијата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Новиот 15-ти студиски албум на Џон Бон Џови, фронтменот на истоимениот рок-бенд, ги допира жешките социјални теми во 2020 година – пандемија на коровавирусот, расни односи и полициско насилство – но тој вели дека поставува прашања, не зазема страна.

„Велам дека е тематско наместо политичко … да не заземам страна“, рече тој за „Ројтерс ТВ“. Но, тој додаде: „Се обидов да се сметам за сведок на историјата. И, ако сум сведок на историјата, би можел да ги запишам фактите и можеби би можел да поставам прашање. “

Рок бендот „Бон Џови“, кој влезе во американскиот Рокенрол хол на славните во 2018 година, е формиран во 1983 година и останува еден од најкултните во американската музичка индустрија, коментира „Ројтерс“.

Бендот го сними албумот во март 2019 година во Нешвил, со планови да го издаде во мај 2020 година.

Но, тоа беше одложено за 2 октомври и беа додадени две нови песни, Do What You Can – за работниците на фронтот на пандемијата, и American Reckoning – за смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд под коленото на полицаец од Минеаполис.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 25 декември 2025 година

Како правилно да перете чевли во машина без да ги оштетите

Никогаш не заспивајте со шминка!