Утрински Весник
Магазин

Ана де Армас краси насловна страница во облека на „Сен Лоран“

Ана де Армас краси насловна страница во облека на „Сен Лоран“

Бонд девојката од најновиот филм за славниот агент 007 „Не е време за умирање“, проговори за напорната работа што ја вложи во филмот, но и за животот далеку од нејзиното семејство во Куба: „Ми недостасуваат“.

32-годишната Кубанка блеска во есенска мода на „Сен Лоран“ за најновото издание на магазинот „Флаунт“ додека зборува за предизвиците да се биде во самоизолација во Лос Анџелес, далеку од семејството во Куба, додека се навикнува на холивудската слава.

Ѕвездата – чие целосно име е Ана Селија де Армас Казо – додава дека е среќна што сега се отвораат киносалите, и целиот тим на филмот конечно добива шанса да ја покаже и прослави целата напорна работа.

Во филмот Ана глуми како агент на ЦИА, Палома.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Нострадамус ја предвидел вештачката интелигенција? Пророштво старо 500 години повторно ја вознемири јавноста

Штипската џиновска пастрамајлија ќе биде долга над два метри

Детали за турнејата на Оејзис во 2027