Утрински Весник
Магазин

Гвинет Палтроу на луксузен одмор со сопругот

Гвинет Палтроу на луксузен одмор со сопругот

Актерката Гвинет Палтроу и сопругот Бред Фалчук накратко го напуштија својот дом во Лос Анџелес и отпатуваа на одмор на едно живописно место во сојузната држава Њујорк.

А во средата, таа не издржа да не го покаже прекрасниот поглед на езерото Саранац

48-годишната ѕвезда сподели фотографија на својот „Инстаграм стори“ на која се гледа како седи на масата со својот појадок сервиран на платформа над водата, на работ на езерото, со поглед што го одзема здивот.

Пред масата се протега езеро и недопрена шума, а небото е медитативно и облачно.

Гвинет ја означи фотографијата, откривајќи дека престојува во луксузниот хотел The Point, кој се простира на површина од 75 хектари покрај езерото.

„Поинт“ е еден од ресортите кој таа го препорачува на својата велнес веб-страница „Гоп“, па затоа беше логичен избор парот да дојде тука откако ќе го прослави нејзиниот 48-ми роденден.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Шкотски музеи ги отстрануваат мумиите бидејќи „покојните не дале согласност“ да бидат изложени

Научна теорија за „тунелот“ што човекот го гледа на границата на смртта

Намирници што жените по 50 години треба да ги вклучат во својата исхрана