ВМРО-ДПМНЕ за в сабота во 18.30 часот најавува протест пред Министерствоот за правда, пеку улица Македонија до Основното јавно обвинителство против неправди, реваншизам и политичко насилство.
„Мафија на власт, колку повеќе тоне во својот криминал и корупција, толку повеќе удира по својот народ и политичките неистомисленици. Оваа власт во недостаток на успеси и во услови на секојдневни порази на секое поле, сѐ повеќе се врти кон политички прогон и застрашување.
Министерот за неправда наместо да прави реформи, јавно се заканува и им прејудицира казни на сите кои не мислат како Заев. Тоа е таа Заев-неправда по рецептот јавно да се најавуваат пресудите и од страна на Заев и од страна на министер за правда и од страна на обвинители и судии. Мафијата работи по принципот, ‘мафија те тужи, мафија те суди“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Затоа гледаме стотици случаи кај што мафијата на власт удира по новинари, удира по опозицијата, удира и по народот. Кацарска е наградена со место во Уставниот суд. СЈО ги изеде народните пари, а народот не виде правда.Селективната Луј Витон правда не е правда, туку маша како да се заштити криминалот на екипата на Заев“, додаваат од партијата.
Според нив, оние судии и обвинители кои работат по директивата на Заев потоа се унапредуваат и наградуваат. Тоа народот го гледа и затоа довербата во правосудството е минорно. Народот и ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави на неправдата и на мафијата на чело на Заев која владее султански со Македонија.
„Доаѓа време кога овој султанизам ќе падне и кога мафијата ќе одговара за целата неправда заедно со нивните помагачи и слепи послушници кои го газат својот народ“, се додава во соопштението.