Утрински Весник
Спорт

Бањаја во Дукати, Зарко и Мартин ќе возат за Прамак

Бањаја во Дукати, Зарко и Мартин ќе возат за Прамак

Дукати и неговиот сателитски тим Прамак Рејсинг Дукати ги објавија имињата на возачите кои ќе возат за овоие тимови наредната сезона во Мото ГП шампионатот. За Дукати ќе возат Џек Милер и Франческо Бањаја , додека Прамак ги потврди Жоан Зарко и Хорхе Мартин.

Ова значи дека Милер и Бањаја од стателитскиот ќе се преселат во фабричкиот тим на Дукати. Од претходно беше познато дека Милер ќе вози во Дукати, а тимот денес потврди дека Бањаја ќе го наследи Андреа Довициозо.

Во исто време Прамак го потврдија трансферот на 30 годишниот Зарко од Авинтија, додека Мартин во „кралската класа“ доаѓа од Мото 2 шампионатот.

> Бањаја во Дукати, Зарко и Мартин ќе возат за Прамак <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Бронза за Рустемовски по поразот во полуфиналето на ЕП во бокс

Алкараз се изјасни: Надал ми е идол, а Ѓоковиќ е најдобриот

13-годишната Зиди исплива второ најбрзо време во историјата