Утрински Весник
Свет

„Гардијан“: Судењата во Хаг ќе влијаат на односите меѓу Белград и Приштина

„Гардијан“:  Судењата во Хаг ќе влијаат на односите меѓу Белград и Приштина

Судењето на поранешните лидери на ОВК во Хаг ќе влијае на веќе напнатите односи меѓу Белград и Приштина, се оценува во коментарот на лондонскиот дневник „Гардијан“.

Британскиот весник наведува дека почетокот на долго одложуваните судски постапки би можел да има значајно влијание на Косово и на напнатите односи меѓу Белград и Приштина.

За време на минатата недела Специјалниот суд за злосторства на ОВК, нареди апсење на тројца поранешни и влијателни припадници на терористичката Ослободителна војска на Косово.

Се работи за шефот на здружението на ветерани на ОВК, Хусни Гуцати, неговиот заменик Насим Харадинај и Сали Мустафа.

Тие се појавија пред судот во посебно припремена судница, опремена со заштитни стакла, а Насим Харадинај се изјасни дека не го признава судот во Хаг.

„Не го признавам овој суд и вашата работа. Го прекршивте секој човечки закон и право на изразување. И да ме осудите на казна од 500.000 евра, не можете да го промените мислењето на моите луѓе за овој суд“ порача Харадинај.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

Либанскиот премиер ја повика армијата да го стави целото оружје во земјата под владина контрола

НАСА планира да изгради нуклеарен реактор на Месечината