Утрински Весник
Свет

Разговор на ерменскиот премиер и Путин: Русија засега нема да интервенира во Нагорно Карабах

Разговор на ерменскиот премиер и Путин: Русија засега нема да интервенира во Нагорно Карабах

Ерменскиот премиер Никол Пашинијан и рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговараа за ситуацијата во Нагорно Карабах.

ТАСС пренесува дека не се зборувало за можноста Русија воено да интервенира во тековниот вооружен конфликт меѓу Ерменија и Азербејџан.

„Претседателот Путин и јас не разговаравме за можна руска воена интервенција во Нагорно Карабах. Покрај тоа, во моментов не ни е неопходно користењето на потенцијалот на 102. руска база, иако, доколку е потребно, тоа може да се случи затоа што има законска основа за тоа“, рече премиерот Пашинијан, пренесе ТАСС.

Азербејџан и Ерменија прогласија воена состојба и општа мобилизација и обете страни соопштија дека има многу цивилни жртви меѓу жртвите на четиридневниот вооружен конфликт.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се урна товарен авион врз станбен кварт во близина на аеродромот во Вилнус

Блискиот исток, Украина и Трамп се на агендата на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7

Во Бејрут прекин на наставата во училиштата и универзитетите до крајот на декември