Утрински Весник
Македонија

Се враќа работното време од 8 до 16 часот во јавната администрација

Се враќа работното време од 8 до 16 часот во јавната администрација

Владата донесе одлука времено да ја суспендира одлуката за флексибилно работно време за сите вработени во државната управа. Наместо сегашното работно време од 07:30 до 15:30 и од 08:30 до 16:30, од први октомври за сите ќе важи работното време од 08 до 16 часот.

Флексибилното работно време почна да се применува од 1 септември 2017 година.

Со одлуката се утврди почетокот на работното време да биде помеѓу 7:30 и 8:30 часот, а завршетокот помеѓу 15:30 и 16:30 часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.

Како што тогаш соопшти министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, одлуката била донесена по серија консултации со јавноста, меѓу кои и граѓанските организации и синдикатите, во насока на овозможување подобри услови за вработените во јавната администрација, како и за подобрување на процесот на испорачување услуги кон граѓаните и бизнис заедницата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите