Утрински Весник
Македонија

Владата одобри целоднeвна настава во училиштата

Објавен протоколот – училиштата ќе работат од 7 до 20 часот, класниот раководител ќе седи со учениците на одморите
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

По препорака на Комисијата за заразни болести, Владата на денешната седница одобри целодневна настава во училиштата.

„Одобрена е организацијата на продолжен престој на учениците во основните училишта за одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, со препорака продолжениот престој да се организира и реализира со ученици од иста паралелка и од исто одделение, без мешање на различни паралелки и одделенија“, соопштија од Владата.

Владата денеска го усвои и извештајот на Комисијата за давање согласности за организирање настава со физичко присуство во училиштата за барањата на основачите доставени во периодот од 25.09.2020 до 29.09.2020 година.

Извештајот на Комисијата е на следниот линк http://vlada.mk/sites/default/files/img/izvestaj_za_vlada_7_29092020.pdf на веб-страницата на Владата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ГП Евзони (Богородица) затворен за сообраќај на сите видови возила

Објавен првиот „Македонски етимолошки речник“, издание на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“

Заврши реконструкцијата на ГАК вредна 110 милиони денари, на Клиниката годинава родени над 4 000 бебиња