Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Онлајн платформата сѐ уште е во тест фаза, опозицијата е деструктивна

СДСМ: Онлајн платформата сѐ уште е во тест фаза, опозицијата е деструктивна

ВМРО-ДПМНЕ 11 години системски го уништуваше образованието на секое ниво, а денес, како опозиција продолжува со деструктивно однесување кое спротивно на учениците, наставниците и образовниот процес, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија како реакцијата на обвинувањата претходно изнесени од ВМРО-ДПМНЕ.

Социјалдемократите реагираат дека несериозно, неодговорно и крајно незрело е да се напаѓа проект кој сѐ уште официјално не е започнат и сѐ уште се наоѓа во тест период.

„За прв пат во државата се воспоставува сложен и масовен онлајн систем и тоа се прави за исклучително краток рок. До утрово, на платформата успешно се вклучија 88.000 корисници, предизвици секако дека ќе има, но она што е важно е посветеноста и аганажираноста на сите вклучени страни во брзо надминување на предизвиците и воспоставување на целосно функционален систем на онлајн настава“, нагласува владејачката партија.

Оттука оценуваат дека ВМРО-ДПМНЕ немаат право да зборуваат за технологии во образованието, затоа што учениците воопшто не ги виделе компјутерите што требало да бидат наменети за секое дете,  а вредеа десетици милиони евра. Од СДСМ велат дека потврда за тоа има и од Државниот завод за ревизија каде во извештаите јасно стои дека компјутерската опрема не била евидентирана, ниту пак бил почитуван законот за предавање на опремата на училиштата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените во СДСМ

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации