Утрински Весник
Свет

Берлускони роденденот го прославува во домашна изолација

Берлускони роденденот го прославува во домашна изолација

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони го слави својот 84. роденден во домашна изолација, бидејќи сè уште е заразен со коронавирус.

Портпаролот на неговата партија „Напред Италија“ изјави дека Берлускони бил изолиран во неговата вила во Аркор кај Милано со 30-годишната девојка Марта Фасчини, која исто така има коронавирус.

„Денес е роденден на нашиот претседател: Се најдобро Силвио“, објави неговата партија на „Фејсбук“.

Берлускони потврди дека има коронавирус на почетокот на септември и беше хоспитализиран скоро две недели поради тешка форма на пневмонија поврзана со коронавирус. Ветеранот во политиката и медиумски тајкун рече дека го поминал можеби најтешкиот предизвик во неговиот живот.

„Гордо можам да кажам дури и сега дека се извлеков“, додаде тој.

Тој беше пуштен од болница на 14 септември, и оттогаш е во самоизолација. Закрепнувањето на Берлускони ќе заврши по два последователни негативни теста.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Протести во Ирска: Блокирани патишта поради високите цени на горивата

Иран се заканува со повлекување од примирјето и повторно го запре сообраќајот во Ормуската Теснина

ММФ: Половина од светот ги зголеми воените буџети, но економските ефекти се краткотрајни