Утрински Весник
Македонија

Фетаи ќе бара затворски казни за сите обвинети во „Насилство во центар“

Фетаи ќе бара затворски казни за сите обвинети во „Насилство во центар“

Обвинителката Фатиме Фетаи ќе бара затворска казна за Миле Јанакиески и останатите обвинети со жалба во Апелација, откако Кривичниот суд им одреди условна осуда.

Таа вели дека за целото обвинение постојат докази кои биле изведени, а судот ги преценил олеснителните околности и затоа досудил, според неа, ниски казни.

„Делумно сум задоволна. Задоволна сум дека е утврдена кривична одговорност кај обвинетите. Не сум задоволна во висината на кривичната санкција, но тоа не зависи од јавниот обвинител туку од судот кој оценува. Секско дека во овој дел, односно на кривичните санкции ќе има жалба од наша страна бидејќи сметаме дека судот ги преценил олеснителните околности“, рече Фетаи.

За ослободувањето на Даниела Рангелова од обвинението, Фетаи рече дека тоа произлегло откако се измениле околностите во текот на постапката

„Обвинението беше врз оснва на оштетените во предметот. Исказите идеше во тој правец дека Рангелова сторила кривично дело. Но, имаше испрашување и постоеше можност да се добијат детали и да се смени сликата. Бидејќи доказите упатија на поинаква слука во однос на Рангелова, затоа се откажавме од обвинението“, рече Фетаи.

Таа и натаму смета дека освен за обвинетиот Игор Бошковски, на сите други треба да им се изрече затворска казна.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Вечерва тешка сообраќајна несреќа во центарот на Скопје – неколку лица пренесени во болница

„Опстојувањето е пркос, не преживување!“ Шестата парада на гордоста

„Страшен е животот што го живееме сега, протестираме и за вашите деца“ потресно сведоштво на татко од Кочани