Утрински Весник
Свет

(Видео) Соборен азербејџански дрон во близина на ерменски град

(Видео) Соборен азербејџански дрон во близина на ерменски град

Ерменската страна објави видео на кое се гледа соборениот дрон на азербејџанските вооружени сили.

Како што се наведува, станува збор за дрон од турскиот производител „Бајрактар“, чии остатоци биле расфрлени по полето. Локалното население ги собрало остатоците.

Беспилотното летало е соборено вчера во близина на ерменскиот град Варденис, пренесува „Спутник“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хакери од најголемата светска берза на криптовалути украле над шест милијарди долари

Генерален штрајк во Италија, протести во над 50 градови

Најмалку 20 загинати во руски напади врз Украина, 14 жртви на железничката станица во Днипро