Утрински Весник
Македонија

Полицијата до граѓаните: Не наседнувајте на повиците за наводни сообраќајни несреќи

Речиси секојдневно до полицијата стигнуваат пријави од измамени граѓани, а во врска со наводни сообраќајни несреќи и плаќање на големи суми.

76-годишен жител на Охрид е последната жртва. Тој бил измамен од едно лице за сума од 650 евра и 40.000 денари. Според пријавеното, околу 15.00 часот измамникот му се јавил на неговиот мобилен телефон и му соопштил дека бил очевидец на сообраќајна незгода со смртни последици, предизвикана од неговата ќерка во една соседна земја. Исто така, лицето му побарало 25.000 евра за да помогне ќерка му да ја избегне затворската казна.

Како што е пријавено, лицето се согласило и за помала сума и по кратко време пријавителот му дал 650 евра и 40.000 денари.

СВР Охрид апелира до граѓаните, посебно до повозрасните, да не наседнуваат на вакви и слични информации добиени од непознати лица и секој таков случај да го пријават на телефонскиот број 192 или во најблиската полициската станица.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара

Штип остана без струја – наставата во училиштата е прекината