Утрински Весник
Свет

Италија: Стабилен раст на новозаболени, воведени дополнителни мерки

Италија: Стабилен раст на новозаболени, воведени дополнителни мерки

Растот на новозаболени со коронавирус во Италија е стабилен – во изминатите 24 часа се регистрирани 1.766 позитивни на коронавирусот.

Расте бројот на пациенти кои се лекуваат на единиците за интензивна нега, а во моментов има 254 од нив, а бројот на смртни случаи од коронавирус во последните 24 часа е 17.

Последните денови, повеќе од сто илјади луѓе се тестираат на вирусот во Италија секој ден, а за време на викендите тој број е помал – во последните два дена биле тестирани 20.000 луѓе.

Најмногу заразени има во регионот Кампања – 245 нови случаи.

Во таа, како и во другите италијански региони, е во сила одлуката да се носи заштитна маска на отворено, почнувајќи од деца постари од 6 години, забрането е собирање, а баровите и рестораните работат до 22 часот.

Во Сицилија, мерката ќе биде воведена на 1 октомври и ќе трае цел месец, најави претседателот на регионот, Нело Мусумечи.

Исто така, на островот, сите посетители и локалното население што се враќаат од други земји мора да подлежат на брз тест за корона вирусот и да се пријават преку интернет на веб-страницата на регионалната здравствена установа.

Според изјавата на владиниот техничко-научен комитет задолжен за следење на епидемијата на коронавирус, во повеќето италијански региони Rt факторот, кој ја покажува стапката на ширење на вирусот врз основа на голем број параметри, е под 1, во некои 0,95, а ако ја премине линијата 1, тоа е знак дека Ковид-19 започнал експоненцијално да се шири.

Од почетокот на пандемијата во Италија, вкупно 309.000 лица се заразија со коронавирусот, од кои сто илјади во провинцијата Ломбардија, која беше епицентар на инфекцијата на врвот на пандемијата.

Вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата во Италија е 35.835, а оздравеле 224.417 пациенти кои биле заразени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков