Утрински Весник
Свет

Русија бара итен прекин на огнот во Нагорно-Карабах

Русија бара итен прекин на огнот во Нагорно-Карабах

Руското Министерство за надворешни работи ги повика инволвираните во конфликтот во Нагорно-Карабах веднаш да престанат со огнот и да започнат преговори за стабилизирање на ситуацијата.

Министерството преку соопштение посочи дека состојбата во тој регион нагло се влошила, пренесува агенцијата „Тасс“.

Утрово дојде до нова ескалација во регионот Нагорно-Карабах.

Ерменија објави дека Азербејџан започнал офанзива во правец на Нагорно-Карабах, додека од Баку соопштија дека преземаат само реципрочни мерки против дејствијата на Ерменија во областа.

Министерството за одбрана на Ерменија објави дека ерменските сили собориле два азербејџански хеликоптера и три беспилотни летала во Нагорно-Карабах.

Министерството за одбрана на Азербејџан, пак, претходно објави дека ерменските сили отвориле оган долж линијата на раздвојување и дека имало цивилни жртви.

Светските агенции веќе пренесоа дека вастите во регионот Нагорно-Карабах вовеле воено законодавство поради ескалацијата на конфликтот со Азербејџан.

„Почнавме да ги мобилизираме сите граѓани на возраст над 18 години. Во земјата е прогласена воена состојба“, соопштил претседателот на непризнатата република, Арајик Арутјунјан.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп не му дозволил на Израел да го убие иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи

Израелците погодиле ирански Боинг од оддалеченост од 2250 километри

Иран побара од Ирак да го затвори воздушниот простор за воените авиони на Израел