Утрински Весник
Македонија

Шилегов во Сарај ја промовираше акцијата за бесплатно собирање на остатоците од берба

Шилегов во Сарај ја промовираше акцијата за бесплатно собирање на остатоците од берба

Градот Скопје ја продолжува кампањата за бесплатно собирање на остатоците од берба за да се спречи палењето на стрништата, а со тоа да се заштити воздухот од загадување.

Заинтересираните граѓани може да се јават на телефонскиот број 071 395 395 и да договорат бесплатно подигање на органскиот отпад. Оваа кампања годинава го опфаќа целиот скопскиот плански регион.

Викендов, кампањата за бесплатно собирање на остатоците од бербата, беше промовирана во општина Сарај.

Градоначалникот Шилегов и градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети ги повикаа земјоделците од општина Сарај да ја искористат оваа поволност и да побараат бесплатно подигање на остатоците од бербата.

„Станува збор за земјоделски дел од градот и сакаме да им помогнеме на скопските земјоделци да ја загубат навиката за палење на стрништето, но и да добијат ѓубриво како субвенција за предадените остатоци од бербата “, рече скопскиот градоначалник Шилегов.

Беџети упати апел да не се палат стрништата на подрачјето на општината, со цел да се придонесе во борбата против загадувањето.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче откри документ: Светска Банка понудила поповолен кредит од унгарскиот

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ е таа партија која прави дестабилизација на државата

Филипче: Мицкоски нема право да ги прекине преговорите со ЕУ, државата не е негова приватна своина