Утрински Весник
Свет

Украина регистраше рекорден број на новозаразени со коронавирус за еден ден

Не се намалуваат бројките во Украина – дури 2.723 заразени во еден ден

Во Украина е регистриран рекорден број на новоинфицирани со коронавирус за еден ден – 3833 лица, објави Советот за национална безбедност.

Украина претходно на 17 септември имаше рекорден број новозаболени со Ковид-19 – 3584 година. Дневниот број на новозаразени скокна на над 3.000 во септември, што ја натера владата да ги продолжи важечките мерки до крајот на октомври. Националниот совет исто така објави дека вкупно 195.504 случаи на Ковид-19 биле регистрирани во земјата до 26 септември, со 3.903 смртни случаи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Макрон од говорницата на ОН: Франција ја признава Палестина како независна држава

Европа забележа над 62.700 смртни случаи од жештина во летото 2024

Признавањето на Палестина отвора ново прашање – кој ќе ја раководи