Утрински Весник
Македонија

Петмина полицајци претепани од дрвокрадци во Велешко

Со машина за сечење дрва удрил во ѕид, двајца повредени

Полициска патрола синоќа била нападната на место викано Кисела вода во атар на велешкото село Степанци, при преземање мерки против лица кои вршеле бесправна сеча и превоз на дрва. Напаѓачите употребиле и тврди предмети врз полицајците.

Еден полициски службеник се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Клинички центар во Скопје, а четворица полициски службеници се здобиле со повреди.

Веднаш е известен јавен обвинител. До сега се приведени четири лица, идентификувани се други лица и пронајдено е возилото кое го користеле. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Седум пријави и четири уапсени лица за семејно насилство

Кривична пријава за група битолчани кои „ловеле педофили“

Филипче: Власта да распише Референдум – граѓаните да одлучат за европската иднина на Македонија