Утрински Весник
Свет

Бројот на заболени од Ковид-19 во САД надмина 7 милиони

Бројот на заболени од Ковид-19 во САД надмина 7 милиони

Бројот на заболени со коронавирус во САД вчера надмина седум милиони, што е повеќе од 20 проценти од вкупниот број заразени во светот, додека во септември растот на бројот на заразени беше најголем на средниот запад на САД.

Пред неколку дена, бројот на починати од коронавирус во САД надмина 200.000. Повеќе од 700 луѓе умираат од коронавирус секој ден. Најголем број случаи има во Калифорнија, повеќе од 800.000, се регистрирани во Тексас, Флорида и Њујорк.

Државите на средниот запад, со исклучок на Охајо, забележаа повеќе случаи во последните четири недели отколку во претходниот период, со најголеми зголемувања во Северна и Јужна Дакота.

Според анализата на Ројтерс, стапката на раст на потврдени случаи е зголемена во повеќе од половина од 50-те сојузни држави во САД овој месец. Рекорден број на луѓе беа заразени дневно во септември во десет земји.

Бројот на нови инфекции се зголеми минатата недела, откако падна осум недели по ред. Експертите сметаат дека зголемувањето се должи на отворањето на училиштата и универзитетите и на собирите за Денот на трудот.

Во моментов, САД бележат просечно 40.000 нови случаи на ден, а главниот експерт за инфективни болести на американската администрација, д-р Ентони Фаучи, рече дека би сакал да види оваа бројка да падне под 10.000 до почетокот на сезоната на грип во октомври.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕП: Минималната возраст за пристап до социјални мрежи и вештачка интелигенција треба да биде 16 години

Судија во Џорџија го отфрли случајот за мешање во изборите во 2020 година против Трамп

Најмалку 36 лица загинаа во пожарот во Хонг Конг