Фил Фоден очигледно ги надмина фрустрациите по исфрлањето од англиската репрезентација по „авантурата“ во Исланд, откако постигна еден гол и асистираше на уште еден за Манчестер сити со 2:1 го победат Бурнемаут во 1/16 финалето на Англискиот лига куп.
Шампионите од Премиер лигата, Ливерпул немаа ваков проблем и со 7:2 победија на гостувањето кај Линколн, во меч во кој голови постигнаа Кертис Џонс (2), Такуми Минамино (2), Џердан Шаќири, Дивок Ориги, како и Марко Грујиќ, првото засилување кое го донесе Јирген Клоп во својот тим, неверојатни 1.496 дена откако потпиша за „црвените“.
ЕФЛ КУП, 1/16 ФИНАЛЕ
Бристол сити – Астон вила 0:3
Линколн – Ливерпул 2:7
Манчестер сити – Бурнемаут 2:1
> Грујиќ со прв гол за Ливерпул 1.496 дена по потписот, Фоден ги спаси Сити <